(注:音频为机器生成,仅供参考)
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, попладнево го пречека првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, со што го означи отворањето на оваа нова авиолинија која ќе ги поврзува двата града четири пати неделно.
Првиот авион на турската национална авиокомпанија од Истанбул во Охрид слета во 14:40 часот.
ТАВ Македонија ги пречека патниците со симболични подароци, со ајвар и охридско макало, како и разгледници од знаменитостите на Охрид.
Главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, вицепремирот и министер за транспорт Александар Николоски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, го поздравија главниот извршен директор на Туркиш ерлајнс, Билал Екши со кого заедно ја пресекоа лентата означувајќи го почетокот на оваа авиолинија.
На свеченоста по повод инаугуративниот лет присуствуваа бројни гости, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“ Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екши, турскиот амбасадор Фатих Улусој, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, претставници на тур-оператори и хоелските капацитети на охридско-струшката ривиера.
Пред присутните се обрати претседателот на Владата Мицкоски, кој рече дека развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на националната економија, туризмот и меѓународната соработка.
Според него, државата со својата стратешка локација на Балканот има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај. Оттаму интенцијата на Владата е активно да работи на како што рече, воведување нови авиолинии, поттикнување на нискобуџетни превозници, модернизација на аеродромите, како промоција на земјата како авиотранспортен центар.
– Воведувањето нови авиолинии значи побрзо и полесно поврзување со светот, зголемување на туризмот, нови економски можности и унапредување на имиџот на нашата држава. Нашата земја има огромен туристички потенцијал. Од живописните планини, прекрасните езера и богатото културно наследство, до топлината и гостопримството на нашите граѓани – сето ова ја прави Македонија атрактивна дестинација за домашни и странски посетители. Затоа, нашата Влада активно работи на креирање политики и мерки што ќе го поттикнат туристичкиот сектор – рече Мицкоски.
Притоа, како што рече, се инвестира во патишта, аеродроми и железнички врски, се работи и на промоција на државата како како туристичка дестинација со поддршка за малите и средни туристички бизниси.
— Нашата цел е јасна – да ја направиме Македонија не само дестинација за посета, туку и место во кое туристите ќе се враќаат повторно и повторно. Денешниот чекор е само почеток. Веруваме дека со заеднички напори ќе создадеме посилна, подостапна и глобално поврзана Македонија – рече Мицкоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека денеска воспоставената авионска линија до Истанбул е дел од визијата за развој на државата, за која рече дека ги дава веќе првите резултати.
— Како ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на аеродромите во Скопје и Охрид, пресреќни сме што го пречекавме првиот лет на Туркиш Ерлајнс меѓу Истанбул и Охрид, означувајќи ново поглавје во зајакнувањето на поврзаноста меѓу нашите земји. Охрид, светско наследство на УНЕСКО, е една од најдобрите туристички дестинации на Балканот, а оваа нова авиолинија ќе ја направи уште попристапна. Со оглед на тоа што славиме 15-годишнината на ТАВ Аеродроми и инвестициите во Македонија, горди сме на соработката со Туркиш ерлајнс и владата за промовирање на богатото културно наследство на земјата во светот – изјави Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми.
Туркиш ерлајнс ќе лета на оваа рута секој понеделник, четврток, петок и недела, со авион од типот Ербас А320, со капацитет од 182 седишта, обезбедувајќи им на патниците удобни опции за патување и услуга од светска класа.
— Го поддржуваме унапредувањето и развојот на Македонија во соработка со владата и воздухопловните власти. Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на премиерот и на министерот за транспорт за нивниот придонес во развојот на воздухопловниот сектор – додаде Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми.
Оваа нова авиолинија Истанбул – Охрид – Истанбул, ќе ја зајакне и подобри врската меѓу Истанбул, еден од најважните воздухопловни центри во светот, и Охрид, град на наследство на УНЕСКО, познат по својата богата историја, културно значење и неверојатна природна убавина.
参考译文
TAV机场与政府共同迎接土耳其航空首班伊斯坦布尔至奥赫里德航班
TAV马其顿公司(TAV机场子公司)今日下午在圣使徒保罗奥赫里德机场迎来土耳其航空从伊斯坦布尔的首航航班,标志着这条每周四班连接两座城市的新航线正式开通。
土耳其国家航空的首班伊斯坦布尔至奥赫里德航班于14:40分降落。
TAV马其顿公司为乘客准备了象征性礼物——茄子酱、奥赫里德特产面包及当地名胜明信片。
TAV机场首席执行官塞尔坎·卡普坦、TAV马其顿总经理内贾特·库尔特、副总理兼交通部长亚历山大·尼科洛斯基以及土耳其大使法提赫·乌鲁索伊共同迎接土耳其航空首席执行官比拉尔·埃克希,并剪彩庆祝航线开通。
首航仪式吸引了众多嘉宾,包括总理克里斯蒂安·米茨科斯基、副总理兼交通部长亚历山大·尼科洛夫斯基、土耳其航空CEO比拉尔·埃克希、土耳其大使法提赫·乌鲁索伊、奥赫里德市长基里尔·佩察科夫,以及土耳其旅游运营商和奥赫里德-斯特鲁加湖区酒店业代表。
米茨科斯基总理致辞表示,新航线的开辟不仅是技术问题,更是对国家经济、旅游业与国际合作的战略投资。他强调马其顿凭借巴尔干半岛的战略位置,有望成为重要航空枢纽,政府正积极推动新航线引入、扶持廉价航空、升级机场设施,以打造国家航空运输中心形象。
“新航线意味着更快捷的全球连接、旅游增长、经济机遇与国家形象提升。我国拥有壮丽山川、湖泊、丰富文化遗产和热情好客的民众,这些使马其顿成为吸引国内外游客的目的地。政府正制定政策大力推动旅游业发展。”米茨科斯基说。
政府同时投资于道路、机场和铁路建设,并通过扶持中小旅游企业来推广国家旅游形象。”我们的目标不仅是让马其顿成为旅游目的地,更要让游客流连忘返。今日之举仅是开端,相信通过共同努力将建成更强大、更联通全球的马其顿。”
副总理兼交通部长尼科洛斯基指出,伊斯坦布尔航线的开通是国家发展愿景的初步成果。TAV机场CEO卡普坦表示:”作为斯科普里和奥赫里德机场运营商,我们很荣幸见证这条强化两国联系的新航线。拥有联合国教科文组织遗产地位的奥赫里德是巴尔干顶级旅游目的地,新航线将提升其可达性。适逢TAV在马其顿投资15周年,我们为与土耳其航空及政府合作推广国家文化遗产感到自豪。”
土耳其航空将使用182座的空客A320机型,于每周一、四、五、日执飞该航线,为乘客提供舒适旅行体验。卡普坦补充道:”我们与政府及民航当局合作支持马其顿发展,特别感谢总理和交通部长对航空业的贡献。”
这条新航线将强化世界重要航空枢纽伊斯坦布尔与以历史底蕴、文化意义和自然美景闻名的联合国教科文遗产城市奥赫里德之间的连接。
(注:译文为机器生成,仅供参考)