(注:音频为机器生成,仅供参考)
Анализа на професорот Џефри Сакс: Компаративен приод со опсервација на клучните државни политики на светските сили
- Зачестеното спомнување „црни“ сценарија за судир помеѓу САД и Кина во извесна мера јавноста го перципира како последица и на нивниот тековен трговски спор, како и на тензичната геополитичка состојба поради неколкуте активни војни низ светот. Но се чини дека тие не се засновани врз суштинска анализа на состојбата, додека се забележува и оти не се земени предвид ниту пораките што доаѓаат од Пекинг.
- Американскиот економист и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот „Колумбија“, Џефри Сакс, кој претставува и еден од најценетите светски говорници и аналитичари, при учество на панел на форумот „Боао“ за Азија, одржан минатата недела во Кина, понуди поинаква перспектива за ризиците од војна, опсервирајќи ја државната политика на официјален Пекинг, споредена со онаа на Европа и на САД.
Бучавата создадена од воените тапани што најавуваат потенцијална војна помеѓу Кина и САД деновиве уште повеќе се засилува, станувајќи заглушувачки неподнослива, доколку ги читате известувањата за голем број можни сценарија и закани од избувнување оружен судир помеѓу најголемите светски сили во западните медиуми. „Њујорк тајмс“ неодамна напиша дека Пентагон треба да го брифира Илон Маск, главниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, за американски план во случај на војна со Кина. Пентагон и Трамп набрзо потоа ги негираа тврдењата на реномираниот американски весник. Магазинот „Форин аферс“, пак, објави напис насловен „Би оделе ли Американците во војна против Кина?“ А речиси истовремено беше пренесен годишниот извештај на американската разузнавачка заедница за проценетите надворешни безбедносни закани, во кој се наведува оти Кина е главна воена и сајбер-закана за САД, како и дека има способност да им нанесе удар со конвенционално оружје.
Зачестеното спомнување „црни“ сценарија за судир помеѓу САД и Кина во извесна мера јавноста го перципира како последица и на нивниот тековен трговски спор, како и на тензичната геополитичка состојба поради неколкуте активни војни низ светот. Но се чини дека тие не се засновани врз суштинска анализа на состојбата, додека се забележува и оти не се земени предвид ниту пораките што доаѓаат од Пекинг.
Сакс: Потребен ни е Конфуциј во западниот свет
Поинаква перспектива за ризиците од војна, земајќи ја предвид државната политика на официјален Пекинг, споредена со онаа на Европа и на САД, даде американскиот економист и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот „Колумбија“, Џефри Сакс, еден од најценетите светски говорници и аналитичари, при учество на панел на форумот „Боао“ за Азија, одржан минатата недела во Хајнан, Кина. Тој направи паралела помеѓу кинеската и европската визија за државништво, потенцирајќи ги, според него, различните гледишта за војна, врз основа на историски факти. Сакс на форумот во Хајнан учествуваше на панелот „Глобално уредување по самитот на Обединетите нации за иднината“, заедно со поранешниот словенечки претседател Данило Турк и со португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел.
– Кинеската визија за државништво е комплетно поинаква од европската. Ова го споредувам веќе 50 години и навистина е така. Во Европа војната се зема здраво за готово, бидејќи во Европа се војуваше илјада години. Во Кина војната не се зема здраво за готово. Всушност, помеѓу 1368 и 1839 година речиси немаше никаква војна на овој простор. Кина никогаш не ја нападна Јапонија, ниту Јужна Кореја. Имаше само една војна со Виетнам пред 600 години и таа траеше 17 години. Кина беше доминантна, но не напаѓаше други држави. Некои од историчарите го нарекуваат ова конфуцијански мир. Потребен ни е Конфуциј во западниот свет – наведе Сакс.
Сакс: Тајван е внатрешно прашање на Кина, САД не треба да се мешаат
Тајван е внатрешно прашање на Кина, категорично истакна Сакс, притоа упатувајќи совет до САД да не се мешаат во Тајван.
– Кина им вели на САД, не мешајте се во Тајван. Треба да го послушаме тоа, да престанеме со продажба на оружје на Тајван. Ова е внатрешно прашање на Кина и ние треба да правиме практични чекори за да не дојде до војна помеѓу големите сили. И, според мене, ова треба да биде првиот чекор. Но мојата земја не слуша добро, не игра добро. Да слушаше, ќе избегнуваше конфликти – порача Сакс.
Мнозинството од светот сака мир, ред и владеење на правото, напомена Сакс, истовремено упатувајќи остри критики до САД.
– Мнозинството од светот сака мир, ред и владеење на правото. САД не го сакаат тоа. Мислам дека сега се наоѓаме на крстопат и се надевам дека остатокот од светот, Кина, Индија, Русија, се надевам и ЕУ, африканската унија и исламските земји заедно ќе го кренат гласот, дека нема да прифатат САД да се однесуваат незаконски – заклучи Сакс.
Од друга страна, слушаме дека Кина останува посветена на мултилатерализмот и на меѓународната стабилност, што беше нагласено и на форумот „Боао“ за Азија. И поранешниот словенечки претседател Турк изрази убедување дека моментално се одвива транзиција кон мултиполарност, додека шефот на португалската дипломатија Рангел напомена оти светот треба да одлучи кои чекори да ги преземе кон осмислување нов поредок. Официјален Пекинг наведува дека неговиот дипломатски пристап останува насочен кон соработка со цел да обезбеди глобален мир. Таквата определба на Кина дејствува како постојана, без разлика на спротивставениот наратив на Западот.
Кинескиот економски развој е пример за остатокот од светот
Професорот Џефри Сакс го посочи економскиот развој на Кина како пример за тоа што може да се постигне на економски план преку користење на достапната технологија и инвестирање во образование и во инфраструктура.
– Во смисла на економски развој, од 1980 до 2020 година Кина годишно бележеше просечно зголемување на бруто-домашниот производ од 10 отсто. Нејзината економија се зголеми за повеќе од 30 пати. Сиромаштијата беше искоренета. Ова е мера за тоа штo може да се постигне во светот денес, преку користење технологија и инвестирање во образование и во инфраструктура. Тоа што го постигна Кина можат да го остварат и други региони од светот што се во развој. Можеби не во такви рамки, но можностите се огромни – посочи Сакс.
来源:https://novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/potreben-ni-e-konfucij-vo-zapadniot-svet/
参考译文
西方世界需要孔子
杰弗里·萨克斯教授分析:通过观察世界大国关键政策的比较研究
- 频繁提及中美冲突的”黑暗”场景,在某种程度上被公众视为当前贸易争端及全球多场热战造成的紧张地缘政治局势的结果。但这些论调似乎缺乏对局势的实质性分析,也未充分考虑北京方面传递的信息。
- 哥伦比亚大学可持续发展中心主任、全球最受尊敬的演说家与分析家之一杰弗里·萨克斯,在上周中国博鳌亚洲论坛的专题讨论中,通过对比中国官方政策与欧美政策,提出了对战争风险的不同见解。
近期西方媒体大量报道中美可能爆发武装冲突的种种场景与威胁,使得战争鼓噪愈发刺耳难忍。《纽约时报》称五角大楼需向特朗普首席顾问埃隆·马斯克简报对华作战计划(后遭美国防部与特朗普否认),《外交事务》杂志则刊发《美国人会与中国开战吗?》。几乎同时,美国情报界年度威胁评估报告将中国列为头号军事与网络安全威胁,称其具备常规武器打击能力。
萨克斯:西方世界需要孔子
萨克斯在海南博鳌论坛”联合国未来峰会后的全球治理”专题讨论中(同场嘉宾包括斯洛文尼亚前总统达尼洛·图尔克、葡萄牙外长保罗·朗热尔),基于历史事实对比了中欧国家治理观差异:
“中国的国家治理观与欧洲截然不同——我研究50年的结论确实如此。欧洲视战争为理所当然,因其千年征伐史;而中国不然。实际上1368至1839年间中国几乎无战事,从未侵略日本或韩国,仅600年前与越南有过17年战争。中国虽强盛却不侵犯他国,史学家称此为’儒家和平’。西方世界需要孔子。”
萨克斯:台湾是中国内政 美国不应干涉
萨克斯严正强调台湾问题属中国内政,建议美国停止干预:”中国告诫美国勿插手台湾,我们应听从劝告、停止对台军售。这是中国内政,我们必须采取切实措施避免大国战争——在我看来这应是第一步。但我的国家既不善于倾听也不明智行事,否则本可避免冲突。”
他同时批评美国:”世界多数国家渴望和平、秩序与法治,但美国不然。我们正处于十字路口,希望中俄印、欧盟、非盟及伊斯兰国家共同发声,拒绝接受美国的非法行径。”
中国经济发展为世界树立典范
萨克斯盛赞中国经济发展模式:”1980至2020年间中国GDP年均增长10%,经济规模扩张逾30倍,消除绝对贫困。这证明通过技术应用、教育投入与基建投资能取得的成就。其他发展中地区或难达同等水平,但潜力巨大。”
论坛期间,斯洛文尼亚前总统图尔克指出多极化转型正在发生,葡萄牙外长朗热尔强调世界需共同谋划新秩序。中国始终表明其外交方针致力于通过合作维护全球和平,这种定力与西方对抗性叙事形成鲜明对比。
(注:译文为机器生成,仅供参考)