(注:音频为机器生成,仅供参考)
Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.
— Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.
— Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.
Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.
Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.
Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим.
参考译文
内塔尼亚胡:以色列绝不允许伊朗发展核武器
这是内塔尼亚胡在美国总统唐纳德·特朗普政府与德黑兰展开谈判、试图达成新的伊朗核协议后,首次就伊朗问题发表声明。
内塔尼亚胡办公室在声明中表示:”正如总理多次强调的那样,以色列绝不会允许伊朗获得核武器。”
声明还补充道:”总理在对抗伊朗核计划的斗争中领导了无数公开和秘密行动。如果没有这些行动,伊朗今天可能已经拥有核武库。这些行动使伊朗的核计划倒退了近十年。”
以美国为首的西方国家怀疑伊朗试图获取核武器。德黑兰驳斥了这些指控,并坚称其有权将核能用于民用目的,尤其是能源领域。
自1980年以来一直未建立外交关系的伊朗和美国,上周六在阿曼当局的调解下,就伊朗核计划举行了首次会谈。两国官方代表的第二次会晤定于本周六在罗马举行。
(注:译文为机器生成,仅供参考)