(注:音频为机器生成,仅供参考)
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека државната химна не треба да се менува, а менувањето на државниот грб може да предизвика нови конфликти.
„По распадот на Југославија сите посегнаа по промена на државните симболи. Ако ме прашувате за химната, сметам дека апсолутно не треба да се менува. Химната никогаш не одразува сегашност, секогаш одразува историска меморија, генеза и ние немаме право да менуваме. Не сум чула да менуваат луѓе дури и во рамките на Европската Унија. Во обидот да се донесе Уставот во 2005 година беше предвидено менување на химна, ама не дојде до тоа. Сите народи низ историјата креирале песни или химни кои се најважниот државен симбол и затоа текстовите на химните во најголемиот број држави се во Уставот. Описот на знамето е во Уставт. Грбот е опишан во Уставот. Значи, во законот над законите“, рече денеска претседателката Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашањо по денешната посетата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Претседателката смета дека државниот грб има симболи коишто укажуваат повеќе на географијата отколку на нешто што било белег низ историјата. Но, како што додаде, се плаши од конфликти ако се отвори ова прашање.
„Имам само една дилема околу моментот на отворањето на прашањето. Не негирам дека низ историјата најприсутен симбол бил црвениот лав на златна основа. Но, мојата дилема е тоа што секогаш кога почнуваме да разговараме за вакви етнички прашања, симболи, со таква страст го правиме тоа, што не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. Се плашам да не влеземе во нови страсни конфликти. Симболите би требало да обединуваат, а не да разединуваат“, рече претседателката Сиљановска-Давкова.
Прашана за формирање на Албанска академија на науките и уметностите, претседателката рече дека нема потреба од тоа бидејќи академиите не се етнички иституции, туку тие се научни, образовни и уметнички институции.
„Во академиите по светот седат не само луѓе од тие држави, туку и од други држави. Не мислам дека има потреба од Албанска академија на науките и уметностите оти оваа не е академија на Македонците, придавката македонска се однесува на сите граѓани, и јас денеска тука сретнав академик Албанец“, додаде Сиљановска-Давкова.
Академик Алајдин Абази е еден од двајцата актуелни потпретседатели на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вчера рече дека во Владата нема разговори за промена на државниот грб и химната,Тој рече дека во Владата нема табу теми, но во моментов се разговара за реализација на владината програма.
Премиерот Христијан Мицкоски на 12 февруари, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека прашањето за промена на државниот грб е отворено во владината коалиција, зашто „ние сме една од двете држави постсоцијалистички коишто сè уште државниот грб го имаат оној стариот со некои модификации“.
Претседател на СДСМ Венко Филипче тогаш рече дека е против промена на грбот на државата, како што планираат ВМРО-ДПМНЕ и Влен и праша дали се планира промена и на химната.
Во 2014 промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка. Предложениот грб беше со разјарен црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Тогашната власт рече дека беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од социјалистичката хералдика.
参考译文
国歌不应更改,更改国徽可能引发新的冲突,主席西利亚诺夫斯卡-达夫科娃表示
主席戈尔达娜·西利亚诺夫斯卡-达夫科娃认为,国歌不应更改,而更改国家国徽可能会引发新的冲突。
“南斯拉夫解体后,所有人都开始更改国家象征。如果你问我关于国歌的问题,我认为绝对不应更改。国歌从不反映现在,它总是反映历史记忆、起源,我们无权更改。我甚至没有听说过欧盟内部有人更改国歌。在2005年制定宪法的尝试中,曾考虑更改国歌,但最终没有实现。历史上,所有民族都创作了歌曲或国歌,作为最重要的国家象征,因此大多数国家的国歌歌词都在宪法中有所体现。国旗的描述在宪法中。国徽的描述在宪法中。因此,这是法律之上的法律,”主席西利亚诺夫斯卡-达夫科娃今天在访问马其顿科学与艺术学院(МАНУ)后回答记者提问时表示。
主席认为,国家国徽的象征更多地指向地理,而不是历史标志。但她补充说,她担心如果这个问题被提出,可能会引发冲突。
“我唯一担心的是提出这个问题的时机。我不否认历史上最显著的象征是金底红狮。但我的矛盾在于,每当我们开始讨论这些民族问题时,我们总是带着如此大的热情,以至于没有时间面对真正的问题。我担心我们会陷入新的激烈冲突。象征应该团结,而不是分裂,”主席西利亚诺夫斯卡-达夫科娃说。
当被问及成立阿尔巴尼亚科学与艺术学院的问题时,主席表示没有必要,因为科学院不是民族机构,而是科学、教育和艺术机构。
“世界各地的科学院不仅坐着来自该国家的人,还来自其他国家。我不认为有必要成立阿尔巴尼亚科学与艺术学院,因为这不是马其顿人的科学院,‘马其顿’这一形容词适用于所有公民,今天我还在这里遇到了一位阿尔巴尼亚院士,”西利亚诺夫斯卡-达夫科娃补充道。
院士阿莱丁·阿巴齐是马其顿科学与艺术学院(МАНУ)两位现任副主席之一。
第一副总理兼环境和空间规划部长伊泽特·梅吉蒂昨天表示,政府中没有关于更改国家国徽和国歌的讨论。他表示,政府中没有禁忌话题,但目前的讨论集中在政府计划的实施上。
总理克里斯蒂安·米茨科斯基在2月12日回答记者提问时表示,政府联盟中关于更改国家国徽的问题是开放的,因为“我们是后社会主义国家中仍保留旧国徽的两个国家之一,尽管有一些修改。”
社会民主联盟党(СДСМ)主席文科·菲利普切当时表示,他反对更改国家国徽,正如马其顿内部革命组织-民族统一民主党(ВМРО-ДПМНЕ)和Влен所计划的那样,并询问是否也计划更改国歌。
2014年,尼古拉·格鲁耶夫斯基政府提议更改国徽,但未能获得三分之二多数的支持。提议的国徽是一个金黄色的盾形背景上的红色狮子,顶部有一个堡垒形状的皇冠。当时的政府表示,马其顿和白俄罗斯是欧洲唯一拥有受社会主义纹章启发的国家国徽的国家。
(注:译文为机器生成,仅供参考)